Фудбал
Победата на Шкупи не беше доволна за излез во Европа
Шкупи со убедливи 4:1 на домашен терен го совлада Вардар, но тоа не беше доволно за да избори излез во Европа.
Резултатот беше отворен во 26. минута од натпреварот кога Јашароски беше прецизен и донесе 1:0 предност за домаќините.
Вардар успеа да се врати во натпреварот и да го изедначи резултатот на 1:1 во 34. минута со голот на Адем.
Шкупи беше мотивиран, играше со желба за излез во Европа, па во 40. минута Илијоски му носи водство на домаќинот од 2:1.
Само три минути подоцна, односно во 43. минута од натпреварот Јашароски повторно беше прецизен и го зголеми водството на Шкупи на 3:1.
Во 77. минута Шабани постигнува гол за домаќинот и ги постави конечните 4:1 на оваа средба.
Меѓутоа, ова не беше доволно за Шкупи да стигне до местото кое што води во Европа. Плановите ги помати Работнички кој на самиот крај на мечот успеа да издвојува победа над Скопје и да ја задржи 3. позиција на табелата која води во квалификациите за Лига Европа.
Шкупи ја завршува сезоната на 4. позиција на табелата со вкупно 51 освоени бодови, еден помалку од Работнички.