Фудбал
Победи, а потоа кажа збогум, Васоски не е повеќе тренер на Вардар!
фото ФК Вардар
Александар Васоски повеќе не е тренер на Вардар. И официјално поднесе оставка по победата над Академија Пандев во средата. Фудбалскиот клуб, кој се наоѓа во тешка финансиска состојба, му се заблагодари за сето она што го сторил во изминатиот период.
Инаку, Васоски го остава Вардар на петото место со 25 освоени бодови.
Ова целото соопштение на ФК Вардар.
За шефот на стручниот штаб Александар Васоски, натпреварот против Беласица беше последен на клупата на Вардар.
Фудбалскиот клуб Вардар му се заблагодарува на Васоски за неговиот придонес во клубот, кој беше несебичен, професионален и максимално коректен. Од тимот направи шампион, а што е најважно, афирмираше млади фудбалери кои ќе бидат иднината на македонскиот фудбал.
Му благодариме за минатосезонската титула, која беше плод на многу работа, на многу единство во екипата, и за која дефинитивно има голем придонес.
Му благодариме што успеа во овие тешки моменти за нашиот клуб, да собере сила и да го води тимот кон есенскиот дел од оваа сезона. И тоа да го направи со успех, знаејќи во каква ситуација се наоѓа Вардар, да создаде победнички менталитет, да направи добри фудбалери од овие млади момчиња, и пред се личности.
Му благодариме на Васоски за целиот придонес во сите овие шест години, најпрво како помошник тренер, а потоа и како прв тренер. Благодариме за титулите, за незаборавната авантура во Лигата на Европа од која беше дел, благодариме за сите дадени совети, лекции, сугестии. Никогаш нема да ја заборавиме трагата која ја остави во нашиот клуб.
Васоски, ти посакуваме многу успех во понатамошната кариера. Со надеж дека еден ден повторно ќе бидеш меѓу „црвено-црните“, онаму каде што припаѓаш! Вардар е твојот дом!
Благодариме и среќно, Тетовче!