Connect with us

Фудбал

Победи за Милан, Лацио и Сампдорија

Милан на Сан Сиро го совлада Киево со резултат од 3:1.

Росноиерите во натпреварот влегоа како големи фаворити и на крјот го оправдаа тој епитет со одлична игра и дојдоа до трите бода. Двата гола на Игуаин (27. и 34.) му беа доволни на Милан да оди на полувреме со предност од 2:0, Бонавентура во 56. минута ја осигураше победатса со погодок за 3:0, а Киево успеа преку  Пелисиер во 63. минута да постигне почесен погодок.

Лацио ја совлада Фиорентина со 1:0, а единствениот гол на натпреварот го постигна Имобиле во 37. минута од натпреварот.

Домаќинот во второто полувреме го смири темпото на игра на натпреварот и Фиорентина не можеше ништо да направи пред голот на Лацио и на крајот остана 1:0.

Сампдориа издвојува победа над гостувањето кај Аталанта со 0:1, а единствениот гол на натпреварот го постигна Тонели во 76. минута од натпреварот.