Connect with us

Фудбал

Почетино ги номинираше Баварците како фаворити во натпреварот од ЛШ

На прес-конференцијата, со оглед на предизвикот во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, тренерот на Тотенхем, Маурисио Почетино ги номинираше Баварците како фаворити за да го освојат посакуваниот трофеј.

„Сите очекуваме еден тежок натпревар, тие се одличен тим со фантастични играчи и многу добар тренер. Ќе биде возбудлив натпревар, ние во овој момент уживаме во можноста да предизвикаме еден од најдобрите тимови во Европа и во Лигата на шампионите“.

„Како играч и како тренер, сакам вакви натпревари. Ние предизвикуваме еден од тимовите што секоја година се подготвува да ја освои Лигата на шампионите и нивната приказна зборува сама за себе. Баерн сигурно ќе биде една од екипите кои ќе се натпреваруваат за крајниот успех.

„Утре се надеваме дека ќе победиме и ќе бидеме подобри од минатата сезона. Ја започнавме групната фаза лошо, но на крајот стигнавме до финалето. Мора да останеме смирени и да веруваме силно во нашите идеи“ , рече Почетино.