Connect with us

Фудбал

Почина Андреас Бреме, фудбалерот кој на Германија и ја донесе титулата на Светското првенство во 1990 година

АНДРЕАС БРЕХМЕ, поранешен германски фудбалер и тренер, почина на 64-годишна возраст од срцев удар.

Бреме беше важен член на генерацијата која на Германците им ја донесе титулата светски шампион во 1990 година во Италија. Токму тој го постигна пеналот за победа во финалето во Рим против Аргентина на Марадона. За Германија одигра 86 натпревари, а клучните голови ги постигна во полуфиналето на Светското првенство против Франција и Англија.

Играше на позицијата лев бек и ја освои германската лига со Кајзерслаутерн и Баерн, а во Италија славеше со Интер.

Advertisement