Connect with us

Фудбал

Почина легендарниот бразилски фудбалер Пеле

Пеле долго се бореше со болеста, а битката ја загуби денеска во родниот Бразил.

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле почина на 82-годишна возраст по битка со болеста, јавуваат бројни светски медиуми.

Пеле беше еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, беше голема икона, а последните години се бореше со рак на дебелото црево.

Ракот на дебелото црево напредуваше на 21 декември. Поранешниот бразилски репрезентативец за време на Божиќ беше задржан во болница, а за жал денеска почина.