Фудбал
Почина легендарниот југословенски голман, од коронавирус
69 годишниот Пантелиќ имал корона вирус и бил хоспитализиран во Универзитетскиот клинички центар во Ниш.
Во вторникот наутро, состојбата на Пантелиќ се влошила поради што морал да биде приклучен на респиратор. За жал, легендарниот голман сепак не успеал да го победи страшниот вирус, Драган Пантелиќ починал утрово во 7-20 часот во Ниш.
Пантелиќ беше роден на 9 март 1951 година во Лозница.Легендарниот голман кариерата ја започна во Лешница, а бранеше и за Графичар, Бордо, Тимок, Раднички Ниш и репрезентацијата на Југославија.
Најголем дел од кариерата го бранеше голот на Раднички од Ниш.