Connect with us

Фудбал

Почина легендарниот тренер кој ги предводеше трите шпански великани Реал Мадрид, Барселона и Атлетико

Објавено:

Некогашниот фудбалер на поранешна Југославија, легендарен тренер, Радомир Антиќ почина на 72-годишна возраст. Тој е познат по тоа што ги водел трите најголеми фудбалски тимови во Шпанија, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона.

Последните три месеци Антиќ бил во болница и за жал не успеа да ја добие најважната битка во животот.

Како фудбалер играл за Слобода Ужице, Партизан, Фенербахче, Реал Сарагоса, и Лутон Таун. Како тренер ги предводел тимовите на Сарагоса, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Реал Овиедо,Селта, а бил селектор на Србија.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама