Connect with us

Фудбал

Почина најголемиот во германскиот фудбал Франц Бекенбауер!

Најголемиот играч во историјата на Германија, Франц Бекенбауер, почина на 78-годишна возраст. Легендарниот фудбалер боледувал од Алцхајмерова болест која значително се влошила, а денеска стигна веста дека починал. Бекенбауер, кој со Германија го освои Светското првенство како играч во 1974 година, а потоа и како селектор во 1990 година, од поодамна не се појавува во јавноста.

Последен пат беше виден во јануари минатата година, а откако во јули не се појави на прославата на 33 години од освојувањето на светската титула, почнаа да се шират гласини дека е тешко болен, што за жал се покажа како точно. Веста официјално беше објавена во понеделникот во 17:12 часот, а Франц Бекенбауер почина во неделата на 78-годишна возраст.

Смртта на неговиот син Стефан во 2015 година и гласините за корупција околу Светското првенство во Германија во 2006 година го погодија. Оттогаш и неговото здравје се влоши.

Поради неговиот елегантен стил и управување со играта, и доминацијата на теренот, тој важи за најдобриот германски фудбалер на сите времиња, како и еден од најголемите фудбалери во историјата.