Connect with us

Тајмаут

Почина поранешен тренер на Пелистер

Published

on

Вук Рогановиќ почина по тешка и сериозна болест на 77 години, пишуваат српските медиуми.

Рогановиќ ја започна својата играчка кариера во Младишта од Земун, играше на позицијата лев бек и се одликуваше со одлична игра скок-шут. Играше за Динамо од Панчево, за Црвенка, а во странство играше во Шведска и Белгија, каде ја заврши ракометната и ја започна својата тренерска кариера.

Низ годините беше на чело на дури 26 различни екипи, а меѓу нив беше и битолски Пелистер.

Во периодот од 1995 до 1996 година тој беше и селектор на женската репрезентација на Југославија.

Facebook