Фудбал
Почина поранешниот газда на Палермо, Несторовски со емотивно збогум!
Поранешниот сопственик на Палермо, Маурицио Ѕампарини почина на 81-годишна возраст. Тој беше претседател на клубот кога таму играа Илија Несторовски и Александар Трајковски.
Клубот од Сицилија за време на неговиот мандат ги доживеа најсветлите моменти во својата историја. Екипата беше стабилен член во италијанската Серија А, успеа да стигне и до УЕФА натпреварувањата.
А благодарение на Ѕампарини беа реализирани големи трансфери како Пауло Дибала во Јувентус, Единсон Кавани во Наполи и Хавиер Пасторе во ПСЖ.
Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски со емотивно збогум.
– Драг претседателе, по моето доаѓање во Италија ме пречекавте со отворени раце и вашата големина ме направи горд човек. За жал ја немав таа среќа да бидам со вас во златните години, но тоа што ве запознав во тешките моменти ме натера да го запознаам големиот човек во вас со големо срце. Почивајте во мир, напиша Несторовски.