SPORTM.mk
Почина таткото на Хабиб Нурмагомедов, од КОВИД-19
Руски тајмс денес носи тажни вести. Абдулманап Нурмагомедов, татко на големиот УФЦ борец, Хабиб Нурмагомедов, почина во Москва, на 58-годишна возраст.
Според руските медиуми, Нурмагомедов починал во Москва од срцеви компликации поврзани со коронавирус.
Абдулманап Нурмагомедов имаше проблеми со дишењето и белите дробови во април. Потоа бил пренесен од родниот Дагестан во Москва, каде што било утврдено дека е позитивнен на новиот коронавирус.
Набргу по преселбата во Москва се случиле компликации, Абдулманап доживеал срцев удар и потоа бил сместен во вештачка кома.
Abdulmanap Nurmagomedov, father of UFC champ Khabib, dies aged 57 from Covid-19 complications – reportshttps://t.co/OmYODMLyc1
— RT Sport (@RTSportNews) July 3, 2020
Засега е напишано дека Абдулманап починал поради компликации поврзани со проблеми со срцето и коронавирус.
Абдулманап Нурмагомедов целиот свој живот го посвети на воените вештини, особено борењето и руската воена уметност на самбо. Тој беше првиот и најважниот тренер на неговиот син, Хабиб Нурмагомедов.