Connect with us

Фудбал

Почна одбројувањето до отказот на Зинедин Зидан?!

Реал Мадрид е во лоша форма. Во последните пет меча во Ла Лига има само две победи, реми и два порази. Во моментов се наоѓаат на четвртото место на табелата со седум бодови заостанување зад лидерот Реал Сосиедад. Во ЛШ доживеаја неочекуван пораз од Шахтјор па во последното коло против Борусија Менхенгладбах ќе мора да брка победа или реми, во зависност од резултатот на дуелот Шахтјор – Интер, за да обезбеди пласман во нокаут фазата. Токму тој меч, но и претходно гостувањето кај Севиља се клучни за позицијата на Зинедин Зидан на клупата на „Кралевите“.

Иако Французинот по поразот од Шахтјор изјави дека не поднесува оставка, сепак шпанските медиуми објавија дека Зидан добил ултиматум. Во наредните седум дена треба да ги добие двата меча, против Севиља и Мехенгладбах, во спортивно ќе добие отказ. Останува да се види дали Зидан ќе „преживее“.