Фудбал
Почнаа критиките во Франција: Меси е блед, тој е само копија…
– Неговиот престој во Париз ќе биде поголем предизвик отколку што се очекуваше. Меси е блед. Ја спушта главата надолу, оди по теренот и повеќе не влијае на играта, ова во својата анализа го пишува „Ла Паризиен“ за неколкуте мечеви во дресот на ПСЖ на Аргентинецот.
Меси за првпат играше пред домашните навивачи играше против Лоион во неделата. Не покажа нешто многу, освен што при еден шут ја погоди пречката. Беше изваден од страна на тренерот Покетино во 76-та минута, а неговата реакција и негодување се главна тема во светските медиуми. Меси уште чека на прв гол во дресот на ПСЖ.
Затоа „Ла Паризиен“ во своето издание го критикува Меси, велејќи дека засега тој е само копија од она што го играл во Барселона.