Connect with us

Фудбал

Подготвен е нов договор и богати бонуси за Имобиле

Прекинувањето на Серија А поради пандемија на коронавирус го остави Лацио на второто место на таблата (62) зад лидерот Јувентус, а одличниот голгетер на римскиот клуб Чиро Имобиле на врвот на списокот на стрелците.

Чиро Имобиле игра одлично откако го облече дресот на Лацио и има постигнато 27 гола во Серија А оваа сезона, пред да биде прекината.

Лацио не сака да остане без одличен играч, па затоа се подготвува нов договор за Имобиле на Олимпико, иако неговиот валиден истекува во летото 2023 година.

Наводно, Лацио сака да стави крај на шпекулациите за евентуално заминување на Имобиле, а во наредните месеци ќе работи интензивно за проширување на соработката – до 2025 година.

Се верува дека Лацио е подготвен да вметне многу побогати клаузули за бонус за голови во новиот договор отколку што моментално има Имбобил, со цел да го убеди напаѓачот за нов потпис.

Исто така, во новиот договор треба да бидат вклучени и нови богати Бонуси за пласман во Лигата на шампионите, евентуалното освојување на Скудетото и други клупски достигнувања – во наредните пет сезони.