Connect with us

Фудбал

Подгответе се за супер фудбалска вечер: Барса и Реал во битка за финале, а Интер и Јувентус за трофеј

Вечерва на програмата се две супер пресметки. Во Шпанија се игра Суперкупот помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Ова е полуфинална пресметка и практично битка за влез во финалето. Во моментов Реал Мадрид е во подобра форма, впрочем и лидери се на табелата, додека Барселона и по отказот на Куман и назначувањето на Чави за тренер има нешто подобри резултати, но ниту тоа не е на потребното ниво.

Кај Реал Мадрид ќе ги нема Бејл и Диаз поради повреда, а од истите причини Барса не може да смета на Брајтвајт, Демир, Гарсија и Роберто. Во второто полуфинале утре вечер се среќаваат Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.

Од друга страна, пак, во Милано се игра пресметка за трофеј во Суперкупот. Се среќаваат актуелниот шампион Интер и освојувачот на Купот, Јувентус. Интер има нов тренер, Инзаги кој сака да го крене првиот трофеј со овој тим, додека Јувентус по променливата форма во досегашниот тек од сезоната сака да направи пресвртнциа. Евентуален пехар за нив во Суперкупот може да значи и подигнување на самодовербата и ветер во грб завраќање на старите патеки.

Јувентус ќе биде доста ослабен за овој меч. Нема да играат поради повреда Киеза, Данило и Ремзи, додека поради суспензија од катрони ќе ги нема Де Лихт и Квадрадо. Кај Интер само Кордаз и Сотриано, кој се практично резерви ќе недостасуваат.

Мечот Реал Мадрид –Барселона се игра во 20 часот, а Интер-Јувентус во 21:00 часот.

Реклама

Facebook

Реклама