Фудбал
Подгответе се за супер пресметка, може ли Пеп Гвардиола против Тухел, Сити против Челзи?!
Саботната програма во Премиер лигата носи седум мечеви, но секако наијтересен е оној кој се игра во 13:30 часот, помеѓу Челзи и Манчестер Сити, односно Томас Тухел и Пеп Гвардиола.
Во репризата на минатогодишното финале на Лигата на шампионите, ќе имаме можност да уживаме во судирот помеѓу актуелниот европски шампион и гостите од Манчестер, шампиони во Премиер лигата.
Лондонските сини одлично ја отворија новата шампионска трка и со освоени 13 бода се на делба на првото место со Ливерпул. Исто како и Ливерпул, тие имаат гол разлика од 12: 1. Од друга страна, популарните „Граѓани“ се на петтото место со десет бода и исто така, со импресивна гол разлика од 11: 1.