Фудбал
Погба и Милинковиќ-Савиќ заедно, „виновник“ Нејмар?!
Како што пишува „Газета дело Спорт“, се чини дека Клаудио Лотито ќе го истера своето. По одличната сезона, која се уште е во тек, ќе го „уновчи“ Сергеј Милинковиќ –Савиќ. Понуди има од Челзи и Интер, но тие не можат да се мерат со ПСЖ.
Според информациите на италијанскиот медиум, директорот на францускиот тим ова лето со сите сили ќе се обиде да го донесе во Париз Милинковиќ-Савиќ. Тоа ќе го стори со продажба на Нејмар.
Парижаните размислуваат и за Погба, кој сака во Јувентус, но парите можат да променат се. Доколку ПСЖ е подготвен да понуди голема сума, би можел да ги спои Погба и Милинковиќ-Савиќ, кои заедно со Марко Верати би правеле страшен среден ред.
Наводно ПСЖ е подготвен за Погба и Савиќ да понуди идентични 100 милиони евра.