Connect with us

Фудбал

Погба може да се пресели во Реал на лето, Маннчестер јунајтед ја намали неговата цена

Манчестер, 6 ноември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Манчестер јунајтед, Пол Погба, може да го напушти клубот, според „Дејли меил“.

Британскиот весник посочува дека 27-годишниот Французин може да направи трансфер во Реал на лето, откако Манчестер јунајтед ја намали бараната цена за него на 60 милиони евра.

Оваа сезона Погба одигра 10 натпревари на сите турнири, на кои постигна гол и направи две асистенции. зс/