Connect with us

Фудбал

Погба: Не ги зедов јас сите пари од скапиот трансфер

Фудбалерот од Манчестер јунајтед и француската репрезентација, Пол Погба, го сподели своето мислење за влијанието на цената на неговиот трансфер врз очекувањата за неговите игри.

„Поради фактот дека тоа беше најскапиот трансфер во историјата на фудбалот во тоа време, луѓето очекуваат повеќе од мене. Знаев дека ова ќе се случи, но не мислев дека ќе има толку многу негативност. Тоа беше нешто ново за мене. Не знаев дека трошоците за трансфер ќе влијаат толку многу на мислењето на луѓето. Можеби мислат дека јас ги имам овие пари, но не е така. Не знам зошто ме критикуваат поради тоа“, изјави Погба.

Французинот не знае каде ќе ја продолжи кариерата. За него се интересираат неколку клубови, меѓу кои и Реал Мадрид, а според последните информации од Англија, тренерот на Јунајтед смета на него за следната сезона.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com