Connect with us

Фудбал

Погба: Срцето рече – само Јувентус

Францускиот репрезентативец Пол Погба и официјално се врати во Јувентус по шест сезони минати во Манчестер Јунајтед.

 

29-годишниот играч за врска е воодушевен што има можност уште еднаш да го облече црно-белиот дрес на „Старата дама“, која еднаш го продаде за 105 милиони евра, а во Торино играчот од средниот ред го врати вложеното евро.

„Разговарав со Масимилијано Алегри кога бев во Манчестер. Добив многу понуди, но срцето ми рече – Јувентус. Се што сакав беше ова враќање. Имав многу проблеми во Јунајтед – повреди, промени на тренери и позиции на теренот“, изјави Погба на прес-конференцијата.

Французинот беше играч на торинскиот клуб од 2012 до 2016 година и за тоа време одигра 177 натпревари со 34 постигнати голови и 40 асистенции. Со „Стара дама“ четири пати беше шампион на Италија, а двапати го освои Купот и Суперкупот на Италија.

Погба за шест години во Јунајтед одигра 226 натпревари и постигна 39 гола со кого ја освои Лигата на Европа и Лига купот, но имаше проблеми и со повреди.