Connect with us

Фудбал

Погба во Барселона? Најмногу се прашуваат Меси и Пике

Уште една гласина која едноставно не сака да не биде произведена е тоа дека Барселона во зимскиот преоден рок ќе ги засили активностите за да го донесе Пол Погба.

Колку и да е неверојатно тоа дека некои играчи влијаат на изборот на играчи кои треба да бидат донесени, англиските медиуми се убедени дека симпатиите кои Меси и Пике ги кон Французинот ќе бидат пресудни.

Наводно и тимските колеги на Погба Самуел Умтити и Усман Дембеле изразиле пофалби за него.

Иако тренерот Ернесто Валверде смета дека тој добро би се вклопил во тимот, скаутите на Барселона немаат такво мислење, па се двоумат дали Погба ќе биде вистинското решение во средниот ред на Барселона после ерата на Џави и Иниеста.

Уште една звучна гласина се однесува на Роберто Фирмино и наводниот интерес на Барселона за напаѓачот на Ливерпул.

Шпанските медиуми сметаат дека Фирмино би бил идеална замена за Луис Суарез. Вееројатно со тие проценки би се сложил Кутињо, неговиот голем фан од претходниот клуб, но прашање е што ќе кажат од Ливерпул со оглед на тоа што Фирмино има огромно влијание на ефикасноста на Редсите.