Connect with us

Фудбал

„Погба, заедно со Пјаниќ и Модриќ е најдобар на светот“

Пред дуелот на Манчестер Јунајте и Јувентус зборуваше стоперот на Старата дама Леонардо Бонучи.

Јувентус во 3. коло од Лигата на шампионите му гостува на Манчестер Јунајтед, а тоа без сомнение ќе биде интересен дуел во кој не чека враќањето на Кристијано Роналдо на Олд Трафорд.

Бонучи се радува на средбата со Пол Погба, поранешниот член на Јувентус, за која има посебни пофалби.

„Разговарав со Погба пред седум дена и му кажав да не чека во Манчестер“, кажа Бонучи, па додаде:

„Ќе ми биде мило да го видам повторно, но ќе мора да бидеме внимателни затоа што ова нема да биде ниту малку лесен натпревар. Погба е еден од најдобрите играчи во центарот на средниот ред заедно со Лука Модриќ и Миралем Пјаниќ“.

„Играв со него, тој е одличе човек и секогаш добро се забавувавме и му посакувам се најдобро, но во вторник не, во вторник сакам да изгуби од Јувентус“, порача искусниот стопер.