Connect with us

Фудбал

Погледнете детали од Ел Класико: Никој не разбира како е постигнат само еден гол

Барселона го победи Реал Мадрид со 1:0 во Ел Класико на стадионот Алеџиент во Лас Вегас.

Стрелец на единствениот гол на овој натпревар беше Рафиња во 27. минута. Тоа беше спектакуларен удар на Бразилецот од околу 20 метри кој ниту еден голман не можеше да го одбрани и беше единствениот гол на еден од најголемите натпревари на шпанскиот фудбал.

На овој натпревар беа забележани огромен број шанси. Навистина е неверојатно што се се сведе на еден гол бидејќи имаше многу голови, Реал ја погоди гредата, но на крајот беше само 1:0 за Барселона.

Ел Класико не би било реално без искри и оган на теренот. Во еден момент жестоко вриеше, а највоинствени беа Антонио Рудигер и Роналд Араухо.

Сепак, се се смири, натпреварот продолжи и заврши успешно со победа на Барселона од 1:0.

Екипите го започнаа дуелот во овие формации:

Реал Мадрид: Куртоа, Алаба, Рудигер, Милитао, Васкез, Камавинга, Чоамени, Валверде, Вини ЈР, Азар, Родриго.

Барселона: Тер Штеген, Араухо, Кристенсен, Гарсија, Алба, Педри, Бускетс, Гави, Рафиња, Фати, Левандовски.