Connect with us

Фудбал

Погледнете го дебитанскиот настап на турскиот тинејџер за Реал Мадрид, велат тој е наследник на Лука Модриќ (ВИДЕО)

18-годишниот турски фудбалер Арда Ѓулер конечно дебитираше во дресот на Реал Мадрид, а по настапот на мечот против Арандина во Купот на кралот, навивачите се на мислење дека се појавил наследникот на Лука Модриќ. Реал со 3:1 ја победи Ардинана, инаку четвртолигаш на натпреварувањето во Шпанија, а сите голови беа постигнати во вториот дел. Стрелци за Реал беа Хоселу, Брахим Дијаз и Родриго, а утешниот гол домашните го постигнаа во судиското надополнување,  Начо Фернандез ја затресе неговата мрежа.

Ѓулер на овој меч беше во стартниот состав на Реал Мадрид, теренот го напушти по 60 минути игра и за тоа време го покажа својот величенствен талент. Брилијантно ги проигра соиграчите и најде простор меѓу редовите на противничката одбрана и едноставно ги воодушеви навивачите на Реал Мадрид и фудбалските фанови. Беше блиску до гол кога ја погоди стативата од слободен удар.