Connect with us

Фудбал

Погледнете го окото на фудбалерот по дуелот со Џеко, ВАР во ситуацијава немоќен, дали требаше да се поништи голот?!

Интер против Венеција стигна до победа од 2:1 потешко од очекувањата и тоа со голот на Един Џеко во 90-та минута. Интер славеше со пресврт, бидејќи со голот на Анри губеше со 1:0. Сепак, во 40та минута Интер успеа да израмни со голот на Барела. Но, моментот кој крена голема прашина е жестокиот дуел помеѓу Един Џеко и Модуло. Имено, Џеко го удрил со лакот во пределот на окото, а видеа и фотографии кружат низ социјалнтие мрежи ден по мечот.

Иако ВАР снимката беше прегледана по голот на Барела, сепак голот е признаен од судиите. Но, зошто?

Образложението е дека дуелот на Џеко и Модуло бил во претходна акција. Односно, фудбалер на Венеција по овој дуел, ја исфрлил топката, која дошла до играчите на Интер, со што се смета дека домашните фудбалери почнале нова акција по која голот е постигнат. Во вакви ситуации ВАР е немоќен, односно бидејќи била нова акција, не можело да биде голот поништен. Според правилата со оглед на тоа дека се променил поседот на топката од Интер кај Венеција, па повторно кај Интер, голот на Барела бил регуларен.