Connect with us

Фудбал

Погледнете ја оваа страшна серија на Ливерпул

Ливерпул синоќа го совлада Арсенал на гостински терен со 0:2 со што стигна до деветата победа во низа во Премиер лигата. Сега по 29 кола во англиското првенство Манчестер Сити има само еден бод предност пред Ливерпул, иако пред десетина кола се чинеше дека трката за титулата тука е решена. Но, по серијата на Ливерпул битката за тронот и тоа како ќе биде интересна во последните девет кола.