Фудбал
Погледнете како Барселона победи во Лас Палмас со пенал во 93. минута (ВИДЕО)
Фудбалерите на Барселона доцна синоќа по пресврт со резултат 2:1 извојуваа победа на гостувањето кај Лас Палмас во рамките на 19. коло од Ла Лига.
Каталонците со оваа победа останаа на третото место со седум бода помалку од Реал и Жирона, додека Лас Палмас е десетти.
Тимот од Канарските острови поведе во 12. минута со комбинација на двајца играчи кои израснаа во Барселона – Сандро Рамирез и Мунир Ел Хадади.
Барселона израмни во 56. минута со бизарен гол, на кој му претходеше грешка на Левандовски, кој во ветувачка позиција со глава го удри својот соиграч Араухо во грбот, па одбраната на Лас Палмас накратко расчисти.
Тогаш домашниот дефанзивец Коко силно ја шутираше топката и го удри Левандовски во глава. Топката се одби кон шеснаесетникот, а во гужвата Серхи Роберто некако успеа да го пронајде Торес, кој погоди за 1:1.
Барселона дојде до победа во третата минута од судиското надополнување од пенал.
Црвен картон доби и Синкгрејвен, а пеналот за победа го изведе Гундоган.