Connect with us

Фудбал

Погледнете кој им го зеде првото место на Мбапе и Меси во Франција

Играчот од средниот ред на Ленс, Секо Фофан, е прогласен за фудбалер број 1 во за 2021 година во Лига 1 од Get French Football News. На второто место се најде напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, а првата тројка ја затвори Лукас Пакета од Лион.

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Лионел Меси заврши на 4-то место, а зад него се Бенжамин Андре (Лил) и Теџи Савание (Монпеље). Во топ 10 влегоа и Димитри Паје (Марсеј), Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Маркињос (ПСЖ) и Џонатан Давид (Лил).

Напаѓачот на ПСЖ, Нејмар остана на 24. место.