Connect with us

Фудбал

Покетино го носи Хари Кејн со себе во Манчестер Јунајтед

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино, ќе побара од Манчестер Јунајтед да биде приоритет привлекувањето на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, доколку тој стане следниот менаџер на клубот ова лето, пишува „Телеграф“.

Аргентинецот важи за фаворит за местото на Олд Трафорд, кој моментално го држи Ралф Рангник до крајот на сезоната. Иднината на Покетино на „Паркот на принцовите“ не изгледа сосема сигурна поради разочарувачките резултати во последно време, па дури се шпекулира дека Зинедин Зидан ќе го замени од лето.

Доколку 49-годишниот Аргентинец застане на чело на Манчестер Јунајтед, британското издание тврди дека тој најверојатно ќе инсистира управата да направи се што е во негова моќ за да ја земе ѕвездата на „мамузите“ Кејн по нивната силна работна врска во Тотенхем во минатото.

Капитенот на Англија беше подготвен да си замине минатото лето кога требаше да добие трансфер во Манчестер Сити, но претседателот на лондончани Даниел Леви ја одби понудата од 130 милиони фунти до „граѓаните“.

Кејн и Покетино може повторно да се обединат, овој пат на „Олд Трафорд“ следната сезона, но Јунајтед можеби ќе треба да плати рекордна сума за Кејн. Оваа сезона напаѓачот има 15 гола во сите натпреварувања, иако само пет во Премиер лигата. Неговата најпродуктивна сезона беше 2017/2018 година, кога под водство на Покетино постигна 41 гол.