Фудбал
Покетино има импресивна листа за засилувања, но ПСЖ секако дека има пари тоа да го плати
Иако официјално не е претставен, сепак наскоро Маурисио Покетино ќе биде нов тренер на ПСЖ. Аргентинецот има импресивна листа на желби за засилувања, а секако дека францускиот тим има пари тоа да го плати.
Една од желбите на Покетино е Критијан Ериксен, со кого работеше во Тотенхем и под чие водство Данецот се промовираше како еден од најдобрите играчи за врска во светот. Веројатно ќе има размена со Интер. Кон Милано ќе тргне Паредес, за кого има интерес од Интер, а во спротивна насока Ериксен.
Втората желба е Хуго Лорис, голманот со кого исто така Покетино соработуваше во Тотенхем. Но, тешко е да се очекува Жозе Мурињо да се откаже од неговите услуги. Сепак, зборуваме за ПСЖ, тим кој има пари, па се е можбо.
Папу Гомез кој се скара со Гасперини е една од варијантите. Се чини дека тој е лесна мета, ќе чини малку пари, иако го сакаат неколку италијански тимови.
Но, главното барање на Покетино за челниците на ПСЖ е по секоја цена да биде задржан Килијан Мбапе.
Една од ѕвездите кои се очекува да пристигнат на „Паркот на Принцовите“ е Давид Алаба чиј договор со Баерн МИнхен му истекува на лето.