Connect with us

Фудбал

Покетино има планови во кои не се вклопува Килијан Мбапе?!

Новиот тренер на ПСЖ, Маурисио Покетино сака да игра во формација 4-3-3, а желба му е нападот да го сочинуваат Нејмар, Агуеро и Меси. Наводно неговата примарна цел за следната сезона се Агруео и Меси. Е, сега за ова да се оствари, мора да се обезбеди буџет за платите на овие играчи. Наводно, според пишуватања на „Л’Екип“ „жртвено јагне“ ќе биде Килијан Мбапе. Тој ќе биде продаден за од овие пари да бидат финансирани платите на Меси и Агуеро, чии договори со Барселона, односно Манчестер Сити истекуваат по завршувањето на сезоната и тие би можеле да бидат ангажирани како слободни играчи.

Најголеми шанси за Мбапе има Реал Мадрид кој подолго време се поврзува со трансфер на напаѓачот.