Connect with us

Фудбал

Покетино лобира за Гомеш

Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем, Маурицио Покетино, сака во пролетниот дел од актуелната сезона на располагање да ги има и услугите на португалскиот интернационалец од редовите на Евертон, Андре Гомеш.

Искусниот играч за врска е во сопственост на каталонскиот гигант Барселона, а на “Гудисон Парк” треба да остане до крајот на актуелната сезона. Сепак, аргентинскиот стручњак побарал од клупските челници да остварат контакт со Барса и да добијат конкретен одговор дали Гомеш може да биде продаден за време на зимскиот преоден рок.