Connect with us

Фудбал

Покетино мисли само на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Пари Сен Жермен, Маурисио Покетино веќе гледа во тимот на Манчестер Јунајтед. Аргентинецот од летото се поврзува со нов менаџер на „црвените ѓаволи“, а тоа е неговата главна желба, тврди „Ле Паризиен“.

Во последните недели се појавија информации дека раководството на ПСЖ не е баш задоволно од настапот на тимот и покрај тоа што парижаните се убедлив лидер во Лигата на шампионите и се пласираа во 1/8 финалето од Лигата на шампионите. , каде ќе се сретнат со Реал Мадрид . Сепак, газдите на „Паркот на принцовите“ се незадоволни од испаѓањето од Купот на Франција, и генерално не импресионирани од играта што ја демонстрира тимот.

ака, во Франција се повеќе се зборува дека Покетино на лето речиси сигурно ќе биде заменет со Зинедин Зидан, а дури се шпекулира дека тоа би можело да се случи порано доколку тимот испадне предвреме во Лигата на шампионите.

Се чини дека и Покетино веќе е свесен за својата судбина. Тој во последните денови имал разговор со газдите на ПСЖ кои му соопштиле дека нема да се потпираат на него следната сезона. Така, Аргентинецот веќе го сврте вниманието кон Манчестер Јунајтед.

Сепак, Покетино не е единствениот кандидат за функцијата на Олд Трафорд. Едно од имињата е и главниот тренер на Ајакс, Ерик тен Хаг, а неодамна се зборуваше дека привремениот менаџер на тимот Ралф Рангник може да остане на кормилото и следната сезона.