Connect with us

Фудбал

Покетино по дебито без победа на клупата на ПСЖ најде „виновник“: Мбапе мора подобро

Маурисио Покетино синоќа дебитираше на клупата на ПСЖ на гостувањето кај Сент Етјен, но не успеа да победи. Одигра 1:1 и сега заостанува три бодови зад лидерот Лион.

По мечот Покетино се чини дека го најде виновникот и тоа првата ѕвезда.

-Не се срамам да зборувам за големата ѕвезда на ПСЖ. Мбапе мора да биде подобар, како и секој друг. Многу сум среќен со тренерската позиција, особено по 14 месеци без тренинг, но со многу чудно чувство. Последен пат кога бев тука имаше 62.000 луѓе – рече Покетино.