Connect with us

Фудбал

Покетино со барање до принцот од Саудиска Арабија: Донесете го овој играч и ќе бидам тренер

Се чини дека Маурисио Покетино ќе биде тренер на новиот Њукасл, кој од следната сезона ќе изгледа страшно. Англискиот клуб заминува во рацете на саудискиот принц Мохамед бин Салман, кој го купил за 300 милиони евра.

Тој е еден од најбогатите луѓе во светот, а се најавува целосна реконструкција на тимот и голем број на ѕвезди.

Покетино е прв избор за тренерската позиција, кој според англиските медиуми има барање до богатиот принц. Наводно тој порачал да му го донесат Фелипе Кутињо од Барселона, кој е на позајмица во Баерн Минхен. Ако, биде купен Бразилецот, Покетино ќе прифати да биде тренер.