Connect with us

Фудбал

Покрај поразот од Ливерпул, Инзаги вели: Интер го одигра најдобриот меч сезонава

Ливерпул славеше со 0:2 на „Џузепе Меаца“ во првата осминафинална пресметка против Интер и се стекна со голема предност пред реваншот во март. Интер во поголемиот дел од мечот имаше иницијатива, на моменти играше подобро, но сепак на крајот се чини дека пресуден беше квалитетот на англискиот тим.

Тренерот на Интер, Инзаги сепак не  разочаран од неговиот тим.

– Среќен сум и горд на мојот тим, за наша несреќа во нашиот најдобар период од мечот не постигнавме гол, Ливерпул успеа да се одржи. Мислам дека заслуживме повеќе, но ваквите перформанси ни влеваат надеж за во иднина. Ливерпул е еден од двата најдобри тимови во Европа според мене, вели Инзаги.