Connect with us

Други спортови

Пол Еспаргаро ја освои пол-позицијата на „Силверстоун“

Пол Еспаргаро ја освои пол -позицијата пред неделната трка во Мото ГП за Големата награда на Велика Британија.

Од вториот ред ќе тргнат тројца Шпанци. Хорхе Мартин, кој всушност имаше најбрз круг и рекорд на „Силверстоун, но неговото време беше поништено, бидејќи скрати шикана, а зад него се Марк Маркез и Алеиш Еспаргаро. Потоа следуваат Џек Милер, Валентино Роси и Јоан Зарко.