Connect with us

Други спортови

Пол позиција за Маркез на утрешната трка за Големата награда на Тајланд

Возачот на Хонда Марк Маркез ќе стартува од првата позиција на утрешната трка за Големата награда на Тајланд која ќе се одржи утре.

Пред нас е 15. трка во Мото ГП шампионатот, а прв ќе стартува Маркез, кој поради грешките на третиот тренинг мораше да помине низ првиот дел од квалификациите.

Тој до пол позицијата дојде со време од 1:30.088, а зад себе го остави Валентино Роси кој каснеше за 11 илјадинки. Во првиот ред друштво ќе им прави и Андреа Довициозо.

Од утрешната трка поради повреда се откажа Хорхе Лоренцо, која започне утре во десет часот.