Поврзи се со нас

Фудбал

Полицијата изврши претрес во просториите на два гиганти под сомнение за перење пари

Португалската полиција изврши претрес во канцелариите на два великани од оваа земја, а тоа се Бенфика и Спортинг Лисабон.

Причината е сомневање за корупција, и перење пари при доведување фудбалери, а покрај овие два клуба, претресен се и просториите на Санта Клара.

Генералното обвинителство во оваа земја откри дека тие извршиле скоро 30 претреси на различни локации, а меѓу нив има и три клуба.

Сè уште не е познато дали полицијата пронашла докази, па останува да се види за да се открие исходот од истрагата.

Единствено што е сигурно е дека сите со нетрпение чекаат полицијата да открие дали имало проневери во португалскиот фудбал.

loading...

Facebook