Други спортови
Полицијата не можела да го пронајде навивачот чие шише го погоди Новак Ѓоковиќ во главата!
Новак Ѓоковиќ не е тешко повреден кога на излез од теренот во Рим го удри шише во глава, а тоа го потврдуваат информациите од главниот град на Италија – најдобриот спортист на светот ќе тренира за мечот против Алехандро Табило во сабота попладне.
Додека Ѓоковиќ планира да го продолжи турнирот, кој е последна подготовка пред Ролан Гарос, навивачот чие шише го удри во моментов е интересен за италијанската полиција! Оваа информација во јавноста ја изнесе портпаролот на Италијанската тениска асоцијација, Алесандро Катапано. Во изјава за медиумите по големиот инцидент во Рим, Катапано најави дека во целиот случај сега е вклучена локалната полиција, која најпрвин не успеала да го пронајде навивачот.
„Многу сме вознемирени поради тоа што се случи и се обидуваме да откриеме кој е и да ја разбереме ситуацијата. Полицијата дојде и побара информации, но лицето што го направи тоа веќе го нема. Ги гледаме сите агли на видеа за да видиме дали можеме да утврдиме што точно се случило“, рече портпаролот.