Connect with us

Фудбал

Полициска истрага во ПСЖ

Француската полиција спроведе претрес во канцеларијата на ПСЖ, поради сомневање за расна дискриминација при изборот на играчи, објавија дел од фудбалските медиуми.

  • Ова е стандардна процедура при такви истраги, кусо изјавил претставникот на клубот.

Од ПСЖ признаа дека одделот за селекција претходно ги избрал играчите врз основа на нивното потекло. На 16 ноември, обвинителството започна истрага по ова прашање. Според извештаите, лицата задолжени за селекциите во ПСЖ ги поделиле играчите во четири етнички групи: Французи, Магреб, Западна-Индија и црн Африканец.