Connect with us

Фудбал

Полна „Маракана“ ќе го пречека Милан во Белград, дали навивачите од Македонија ќе можат присуствуваат на мечот?!

Во 1/16 финалето од Лига Европа, Црвена Звезда кон средината на февруари следната година на домашен терен ќе го пречека италијанскиот гигант Милан. Поради коронавирусот фудбалските стадиони се празни, а секако љубителите на фудбалот, особено навивачите на Црвена Звезда ги интересира дали ќе може да присуствуваат на овој меч. Се разбира ист интерес има и од фановите на Милан во Македонија, кои  би сакале да го гледаат својот омилен тим во живо.

Според првите проценки на епидемиолозите во Србија, поточно на докторот Предраг Кон, ситуацијата до тогаш можно е да се стабилизира. Барем тој очекува такво нешот.

-Се уште имам надеж. Ја сум суров оптимист. Верувам дека до тогаш ќе можеме да одиме на фудбалски мечеви. Искрено се надевам, изјави Кон во едно тв интервју, но сепак порача дека се зависи од тоа како ќе се однесува вирусот, но и луѓето.

Во моментов за влез во Србија потребен е негативен ПЦР тест, но оваа одлука е воведена за празниците со цел да се намали протокот на луѓе и туристи. До февруари се очекува оваа одлука да биде повлечена, па доколку вратите на стадионите бидат отворени, ќе можат и фановите од Македонија да бидат на овој меч.

Првиот меч се игра на 18-ти февруари во Белград.