Фудбал
Полошо неможе да биде – Игрaчите ја составуваат екипата за натпреварот против Нигерија
Хорхе Сампаоли ќе остане селектор до крајот на Мундијалот, но само формално.
Сампаоли ја изгуби довербата на своите играчи, а на федерацијата не му е наклонета откако освои бот против Исланд (1:1) и претрпи тежок пораз од Хрватска (3:0).
Со тоа, Аргентина е во незавидна позиција. Во третото коло мора да ја победи Нигртија, која исто така има шанса да се пласира во следната фаза, но и во тој случај Аргентинците не се сигурни туку треба да го чекаат расплетот на натпреварот Хрватска – Исланд. Ќе се надеваат дека Хрватите нема да му дозволат на Исланд да ги победи.
На состанокот во кампот на аргентинската фудбалска репрезентација донесена е одлука Сампаоли да остане, но екипата ке ја составуваат играчите. Сампаоли ќе ги води тренинзите, ќе биди тука, но нема да има никакви посебни права.
Во вторник во 20:00 часот се игра натпреварот Аргентина – Нигерија, а фудбалерите сами ќе одлучат кој треба да игра за да се стигнат до посакуваната победа.
„Фудбалерите сами ќе ја составуваат екипата за дуелот против Нигерија. Ако Сампаоли сака да седи на клупата, може. Ако не сака, нема проблем“, изјави Рикардо Гиусти, кој оваа порака му ја испрати на главниот менаџер на федерацијата, Хорхе Бурухаг.
Се очекува Меси и Маскерано да бираат, тие тука се најавторитетни, но сето ова најдобро покажува во каков проблем е Аргентина.