Connect with us

Фудбал

Половина милијарда евра за шпанските клубови

Пандемијата на коронавирус, особено во Европа, влијаеше на сите сфери на животот.

Во многу земји скоро сè, од сообраќај до производство, запре, а застана и спортот.

Не се случило вакво нешто во фудбалот на Стариот континент одамна (освен во Белорусија), а не се знае кога, како и дали ќе продолжат натпреварувањата.

Многу клубови може да се најдат во многу лоша ситуација, а за некои кризата би можела да значи банкрот.

Ова особено важи за помалите клубови.

Фудбалската федерација на Шпанија, земја која е во тешка ситуација поради коронавирусот, одлучи да состави пакет за да им помогне на фудбалските клубови.

Како прво, станува збор за заем за професионални клубови, со рок на отплата од пет години.

Вкупно 500 милиони евра се подготвени за таква помош.

Шпанската федерација подготви и четири милиони евра за машките и женските аматерски клубови, додека достапни се и психолози, физиотерапевти и сместувачки капацитети.