Фудбал
Полуфинале Куп на Македонија, ова се паровите
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со жрепка ги одреди полуфиналните натпревари во националниот куп.
Бранителот на трофејот Силекс за противник го доби последно пласираниот тим во прволигашкото друштво Пелистер, додека, втората полуфиналната двојка ја сочинуваат Струга и Македонија ЃП.
Полуфиналните натпревари во Битола и Струга ќе се одиграат на 20 април со почеток во 16 часот.
Финалето е закажано за 20 мај на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.