Фудбал
Помина многу време откако Реал и Барса изгубиа во ист ден
Реал Мадрид и Барселона се два најдоминантни тима во шпанската Ла Лига и ретко кога губат натпревар.
Сепак, и на големите ѕвезди во Барса и Реал понекогаш може да му се случи да изгубат, но навистина реткост е тоа да се случи во ист ден.
Тоа се случи синоќа. Прво Барселона изгуби на гостувањето кај Легањес иако водеше со 1:0, а Реал претрпе катастрофален пораз затоа што изгуби од Севиља со 3:0.
Кога последен пат во Ла Лига се случи Реал и Барса да изгубат во ист ден? Тоа се случи пред скоро четири години, односно на 4. јануари 2015. година. Барса беше поразена на гостувањето кај Сосиедад, а Реал од Валенсија.
Инаку, на нивните порази најмногу се израдува Атлетико Мадрид кој сега има само два бода помалку на табелата од Реал и Барса.