Connect with us

Фудбал

Помошниот судија го „украде шоуто“ на фудбалски меч, на никој не му е јасно што правеше (ВИДЕО)

Необична ситуација се случи во шампионатот на Гана во кој силите ги одмерија Асанте Котоко и Голд Старс. Славата на овој меч ја „украде“ помошниот судија, кој максимално се вклучи во мечот и влезе на теренот при акцијата на домашните за вториот гол.

Помошникот судија со полн трк ја следеше контрата на домашните, стигна дури и до шеснаесетникот, а потоа по постигнатиот гол се врати на местото зад линијата на теренот.

Секако необична ситуација која не се гледа често, но африканскиот фудбал секогаш знае да донесе многу повеќе од обични фудбалски работи.

Овој потег на судијата привлече големо внимание ширум светот и го стави резултатот од оваа средба во втор план.

Котоко го доби овој натпревар со убедливи 5-0.