Фудбал
Понуда што не се одбива: Зидан ќе заработи 200 милиони евра за четири години?
Францускиот стратег, Зинедин Зидан ја шокираше фудбалската јавност, со одлуката да ја напушти клупата на Реал Мадрид.
Зидан во Реал Мадрид три пати по ред ја освои Лигата на Шампионите, но на изненадување на многумина, на крајот на сезоната одлучи да го напушти „Кралскиот“ клуб. Францускиот стручњак рече дека едноставно се чувствува дека веќе не се вклопува во екипата на Реал Мадрид и сите настани во клубот, и дека е време за промена.
За тоа каде Зидан ќе ја продолжи својата тренерска кариера сигурно ќе се шпекулира во наредниот период, а помалку неверојатни вести доаѓаат од Шпанија. Имено „Фудбал Еспања“ најави дека Зидан веќе има една понуда на маса, што ќе биде тешко да се одбие.
Имено, Зидан наскоро би можел да стане селектор на Катар, а понудени му биле 50 милиони евра годишно. Катар сака да се претстави на Мундијал по четири години во добро издание, и тие веруваат дека Зидан е идеално решение за нив.
Доколку, сега веќе поранешниот тренер на Реал Мадрид одлучи да ја прифати оваа неверојатна понуда, тој би можел да заработи 200 милиони евра на клупата во Катар за четири години. Зидан се уште не го дал својот последен збор за оваа понуда.