Connect with us

Фудбал

Понуда за Роналдињо во затворот: Да игра на турнир, ама да не дава голови

Бразилската ѕвезда Роналдињо, кој се наоѓа во затвор во Парагвај поради нелегален влез во државата, односно влез со фалсификуван пасош, добил понуда да игра на турнир во мал фудбал, објавија дел од светските медиуми.

Сепак, како што пишуваат тие, имало услов, а тоа е Роналдињо да не дава голови.

Телевизијата “ABC“ објави дека некои од капитените на 15-те екипи кои учествуваат на овој традиционален турнир во затворот „Квадрилатерал“ направиле се за да го пренесат Роналдињо во нивните тимови. Единствениот услов даден му е да не постигнува голови за време на натпреварите. Според локалната телевизија, целта на затворениците е да го видат Роналдо да ги покажува своите топки вештини за време на овој турнир.

Инаку, судот нареди Роналдињо и неговиот брат да бидат задржани во затвор до крајот на судењето, бидејќи наводно постои ризик тие да ја напуштат земјата без да заврши нивниот судски процес. Судијата на случајот Клара Руиз Диаз изјави дека истражниот и судскиот процес може да трае до шест месеци.